https://sk.wikipedia.org/wiki/%C3%9Arad_vl%C3%A1dy_Slovenskej_republiky#/media/S%C3%BAbor:Episcopal_Summer_Palace_in_Bratislava,_in_2018.jpg

23.01.2023 Скопје

Референдумот за уставниот амандман за спроведување избори е прогласен за неважечки во Словачка поради слабиот одѕив, само 27 отсто од гласачите излегоа на гласање, многу помалку од потребните 50 отсто.

Поддржувачите на уставниот амандман сакаа да се дозволат предвремени избори во Словачка, како што е вообичаено во другите земји од ЕУ, но 97,5 отсто од гласачите се изјаснија против оваа опција, иако нивната одлука нема ефект.

Словачкиот Устав досега пропишуваше дека Парламентот, кој се избира со четиригодишен мандат, не може да се распушти пред одредено време, дури и ако се распадне влада и не може да се најде мнозинство за нова коалиција.

Левичарската опозиција го предложи референдумот откако околу 400.000 гласачи потпишаа петиција за измена.

Во моментов во Братислава владее популистичка конзервативна трипартиска коалиција, предводена од премиерот Едуард Хегер, без парламентарно мнозинство и оди кон изборна хекатомба на претстојните избори, според сите анкети. Тоа не ги спречи коалициските партии да направат се за да го избегнат референдумот, иако поминаа две децении од последниот плебисцит кој го достигна потребниот праг за учество во земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author