https://www.facebook.com/ViktorVeledVagyunk/photos/1375515825850068

09.01.2023 Скопје

Унгарија е во тешка состојба поради високата инфлација, замрзнувањето на европските фондови и изолацијата, заради блиските односи кои ги има со Москва.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, веќе преживеа многу кризи кои ја загрозија неговата моќ, внатрешна и надворешна, економска и социјална, но сега се соочува со најголемиот предизвик во изминатите тринаесет години од неговото владеење.

Ова е втора најтешката економска криза на Унгарија, откако од периодот на 2008/2009 година, доживеа меѓународна финансиска криза, кога таа беше речиси банкротирана. Националната валута, форинтата, значително ја загуби својата вредност во последните месеци, а високата инфлација од над 20 проценти фрла се повеќе луѓе во земјата во егзистенцијална беда.

Ограничувањето на цените на храната и бензинот досега помогна малку и резултираа со недостиг за прв пат од крајот на социјализмот.

Токму во оваа тешка социо-економска ситуација, ЕУ укина голем дел од милијардите субвенции за Унгарија поради недостатоците во владеењето на правото, односно поради нејзиниот проруски став.

Унгарија е втор најголем нето примател на субвенции од ЕУ по Полска. Во последниве години, тие сочинуваат во просек од три до четири проценти од бруто националниот производ на Унгарија, што приближно одговара на годишниот економски раст на земјата.

Во средината на декември 2022 година, Европската комисија првично ја суспендираше исплатата на 6,3 милијарди евра на Унгарија, а причините за таа одлука беа, недостигот на владеење на правото и обвинувањата за корупција.

На крајот на декември, Брисел дури и се закани дека ќе ја замрзне вкупната сума планирана за Унгарија во буџетот до 2027 година, која изнесува најмалку 22 милијарди евра. Со ваква одлука ЕУ може да ја доведе Унгарија во многу тешка економска криза, но сепак ретко кој во Унгарија верува дека тоа ќе се случи.

Подготвено од М.Н.

About Author