27.01.2023 Скопје
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија.
Украина ја повика Европската унија да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија „Росатом“ во листата на санкционирани руски компании.
Унгарија која веќе има една нуклеарна централа од руско производство и планира истата да ја прошири, го блокираше тој предлог на Украина.
Орбан истакна дека на санкциите на Европската унија за нуклеарната енергија „очигледно треба да се стави вето“.
„Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во пакетот санкции, и воопшто нема да дебатираме за таа тема“, додаде унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Подготвено од М.Н.