mini vo ukraina 123

12.01.2023 Скопје

Според украинскиот премиер Денис Шмихал, по единаесет месеци брутална војна и инвазија, Русија ја претвори Украина во најголемото минско поле во светот.

Во ексклузивно интервју за јужнокорејскиот медиум Јонхап, украинскиот премиер Денис Шмихал помина време разговарајќи за идните економски партнерства на неговата земја со Јужна Кореја и можноста за добивање помош за деминирање од нивниот азиски сојузник.

Шмихал истакна дека според планот на владата, се заинтересирани за изградба на фабрика за производство на електрични автомобили во Украина и тоа сакаат да го направат во соработка со Јужна Кореја. Воедно, додаде дека Украинците сакаат да купуваат висококвалитетни електрични автомобили и затоа како влада се стремат да ја задоволат оваа растечка побарувачка.

Но, Шмихал, исто така, истакна дека Украина со нетрпение очекува да добие помош од Јужна Кореја за деминирање на неговата земја по војната.

Од почетокот на војната во Украина, според украинскиот премиер, поставени се повеќе од 250.000 квадратни километри мински полиња.

Шмихал истакна дека тоа е моментално најголемото минско поле во светот. Воедно, додаде дека тоа не само што им го отежнува патувањето на луѓето, туку предизвикува и големи нарушувања во земјоделството, кое е едно од главните индустрии во Украина.

Според Хјуман рајтс воч и руските и украинските сили широко користеле мини против возила во најмалку шест региони на Украина, но само една земја во конфликтот користела противпешадиски мини.

Во јулскиот брифинг документ од Хјуман рајтс воч се наведува дека руските сили имаат употребено најмалку седум видови противпешадиски мини во најмалку четири региони на Украина: Доњецк, Харков, Киев и Суми.

Непрофитната меѓувладина организација изјави дека нема докази дека украинските сили користеле противпешадиски мини.

Противпешадиските мини и нивната употреба се забранети од Договорот за забрана на мини од 1997 година, договор на кој Русија не е потписник.

Хјуман рајтс воч во резимето на нивниот краток труд напиша дека ова означува невообичаена ситуација во која земја која не е членка на Договорот за забрана на мини од 1997 година го користи оружјето на територијата на страната на договорот.

За жал, малку е веројатно дека руските сили ќе престанат да користат мини сега кога се во дефанзива на сите фронтови.

Украинскиот премиер Шмихал изјави дека не знае кога ќе заврши војната, но сигурно е дека Украина ќе ги врати сите нејзини земји, додавајќи дека е „длабоко благодарен“ за хуманитарната помош што Јужна Кореја веќе и ја пружи на Украина.

Според извештајот на Јонхап од 9 декември, од почетокот на војната, Јужна Кореја обезбеди хуманитарна помош во износ од над 100 милиони долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author