zeleznici ukinati linii

13.01.2023 Скопје

Жителите на Романовце и Табановце повторно реагираа дека е укината железничката линија Скопје–Табановце, откако и минатото лето имаше сличен проблем со оваа линија.

Од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје излегоа со информација дека причината поради укинувањето на оваа линија е поради недостаток на машиновозачи.

Граѓаните кои го користат железничкиот превоз велат дека е многу поевтино да се користи воз во однос на зголемените цени на автобуски превоз до Скопје. На оваа линија има неколку застанувања, а најчесто ги користат жителите на Романовце и Табановце поради работата во Скопје.

Подготвено од М.Н.

About Author