https://www.facebook.com/photo/?fbid=1859727904298123&set=a.198735918283010

19.01.2023 Скопје

Турската компанија „Бајкар“ планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија претставници на компанијата.

Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на „Бајкар“ се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби во борбата против руските сили.

Со Министерството за одбрана на Кувајт бил потпишан договор вреден 370 милиони долари за извоз на беспилотни летала „Бајрактар ​​ТБ2“, соопштија претставници на „Бајкар“, но не прецизираат за колку беспилотни летала станува збор и кога ќе бидат испорачани во Кувајт.

Подготвено од М.Н.

About Author