https://www.facebook.com/photo.php?fbid=648206230007767&set=pb.100044551864456.-2207520000..&type=3

24.01.2023 Скопје

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО по протестите на антиисламските активисти и прокурдските групи во Стокхолм.

Ердоган го осуди саботниот протест, во кој беше запален Куранот, светата книга на исламот, велејќи дека тоа е навреда за сите, особено за муслиманите, и ги критикуваше шведските власти што дозволија демонстрациите да се одржат пред турската амбасада во Стокхолм.

Тој, исто така, ја критикуваше Шведска за прокурдските протести каде демонстрантите вееја знамиња на различни курдски групи, вклучително и Курдската работничка партија, чии симболи не се забранети во Шведска, иако е означена како терористичка група во ЕУ, САД и Турција.

Подготвено од М.Н.

About Author