https://www.flickr.com/photos/libardoni/5346397717/in/photolist-99rFLZ-7K4HaL-orEVv4-eXRJP6-fF7R5s-aHzJpD-VoWtsK-7gGYMD-7HSL7J-5PUSAf-6DRu3p-6w3yKh-6DRsVH-anBrbB-eXRjMd-56Y5eH-cEx7zj-35MTNZ-8oQCT6-qCUAt3-35NPzc-6eMbXG-8vGh6W-oFtdf3-9iMcxC-dxPs5u-dxHYeM-ukvzc-dFibbT-dxHTx4-dxPoys-7n5yks-85f2Jc-7HNzMP-4RWv38-zUuBRd-aYstmx-8oQFDv-7kBJ7F-5SfZf2-eQCZik-81nBAR-7ZPfUn-dxHWtg-2mTtTcn-hSxFbm-dFid7X-2eSWMS7-rygjwT-qTTmcM

30.01.2023 Скопје

Турција издаде предупредување за патување за САД и некои европски земји, укажувајќи на зголемениот број инциденти против странци и расистички напади, како и зголемената верска нетрпеливост.

Во соопштение од Министерството за надворешни работи, истакнато е дека има зголемување на антиисламските, ксенофобични и расистички акции и во некои европски земји, како и пропагандни демонстрации против Турција на групи поврзани со терористички организации.

Официјална Анкара ги нарекува „терористички организации“ сите организации и здруженија во земјата и во странство, кои се поврзани со политичките противници на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Подготвено од М.Н.

About Author