09.01.2023 Скопје
Денеска Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021 година, забележале пораст од 14,2 отсто, а цените на мало од 12,6 отсто.
Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0,2 отсто, а цените на мало се зголемиле за 0,7 отсто.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 20,9 проценти, Транспорт за 19,5 проценти, Ресторани и хотели за 15,5 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 13,3 проценти, Разновидни стоки и услуги за 8,9 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8,6 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7,5 проценти, Рекреација и култура за 4,9 проценти, Здравје за 4,0 проценти, Облека и обувки за 1,8 проценти, Комуникации за 0,4 проценти и Образование за 0,3 проценти.
Движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, исто така, беше различно кај одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 20,1 проценти, Земјоделски производи за 16,0 проценти, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14,2 проценти, Пијалаци и Услуги за 8,3 проценти. Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18,7 проценти, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15,1 проценти.
Подготвено од А.Ѓ.