https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/30354768350/in/photolist-Nfm861-NfmeVd-NGQCYF-Nww1xh-MJQzua-MJQMLe-MK39tW-NDDmcA-NGQqxi-NGQ4hx-Nz4cyv-NGQpBF-NfkEkC-NfmfoC-NDDv5L-NfksU1-NwvYaw-MJQWfi-NDDNYm-MJQ4nX-Nz3N82-Nz4p8c-MJQCVD-NGQDVF-NDDu7U-Nz4kGp-NDD8Fd-NfkBPf-Nww7us-NDDajo-MJQdMt-NGQzxT-MK3rBo-MJQ7PX-26JzSKX-25DgYrU-LHj5Ed-LjV16A-KPpEFt-LALZK7-LAL6VW-LLk6Bc-KPpVdp-KPc6eU-LAM6bs-KPqZ98-LLk8UD-LLk7QV-KPpYwD-KPcgfq

04.01.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ги повика екстремно десничарските републиканци да прекинат со блокирањето на кандидатот на партијата, и да го изгласаат за претседател на Претставничкиот дом на САД.

„Сега е време сите наши големи републикански членови на Претставничкиот дом да гласаат за Кевин, да го затворат договорот и да победат“, изјави Трамп.

Откако синоќа не успеаја ни во третиот обид да го изберат републиканскиот лидер Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом на САД, конзервативците го одложија гласањето.

Изненадувачкиот потег на крајот на првиот ден на новиот состав на Конгресот, покажа дека на Мекарти нема да му биде лесно да се бори за претседателската функција со оглед што има противници и во сопствената партија.

Подготвено од М.Н.

About Author