https://www.mavrovoirostuse.gov.mk/%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B8-%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%83%D1%88%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2-2/

04.01.2023 Скопје

Општина Маврово и Ростуше и годинава ќе исплаќа еднократен паричен надоместок за секое новороденче, што е шеста година по ред.

Букурија Беќири, раководител на одделението за човечки ресурси во општината, изјави дека во текот на минатата година, имаат доделено 27 ваучери, односно еднократен паричен надоместок, во износ од по 5.000 денари за новородени деца. Споредено со претходната година е за 7 ваучери повеќе.

Општината доделува бебешки бонус врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита.

Од 2018 година кога почна да се применува одлуката доделени се 159 ваучери зашто се потрошени средства во вкупен износ од 795.000 денари.

Беќири објасни дека бебешкиот бонус се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава.

Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени а согласно последниот попис од 2021 година има вкупно население од 5.042 наспроти 8.618 жители според пописот од 2002 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author