31.01.2023 Скопје
Автомобилскиот бренд „Toyota“ минатата 2022 година испорачал 10,5 милиони возила ширум светот, со што го задржа првото место на листата на најпродавани произведувачи на автомобили.
„Toyota“, во чие сопствеништво се, покрај истоимениот бренд, и „Lexus“ и „Daihatsu“, продала рекордни 8,6 милиони возила во странство, што придонело да се надомести падот на бројот на продадени автомобили на домашниот пазар, кој е намален за 9,6 отсто во 2022 година.
„Volkswagen Group“ минатата 2022 година го зазеде второто место на светот, а претходно компанијата објави дека минатата година имала најмала продажба на автомобили во последните 10 години.
и „Toyota“ и „Volkswagen“ се соочуваат со потешкотии во своето работење.
Јапонскиот произведувач соопшти дека големата побарувачка во Азија и зголемените производни капацитети на овој континент и Северна Америка придонеле за зголемување на глобалното производство на компанијата од 5 отсто во 2022 година.
Подготвено од М.Н.