Image by Freepik

27.01.2023 Скопје

Поради сите неизвесности што го зафатија светот во 2022 година, првенствено геополитичката и енергетската криза, поскапеа и суровините за производство на тоалетна хартија, салфети, марамчиња, т.е. хартиени производи, па поради тоа цената драстично скокна. До неодамна, меѓу производителите имаше страв дека суровините ќе исчезнат и дека синџирот на набавка на дрво од земјите погодени од конфликтот ќе биде прекинат.

Состојбата со тоалетната хартија е вистински показател за „пресвртот“ на инфлаторните чворови создадени во последните две години во светската економија. Поради природата на проблемите во кои се наоѓа светот и природната распределба на ресурсите на планетата, дојдовме до ситуација кога основните животни потреби чие производство зависи од мал број на инпути (целулоза) сега се поскапи од бројни високо регулирани, посложени производи.

На глобално ниво, во 2022 година дрвната целулоза претрпе најголем раст на цената во историјата, достигнувајќи рекордна цена од околу 2.000 евра за тон. Покрај гореспоменатите кризи во западниот свет, дополнително за поскапување придонесе и политиката за нулта ковид во Кина, која е најголемиот купувач на целулоза во светот.

Најголемиот производител на целулоза во светот беше Украина. Со избувнување на војната во Украина, цената на целулозата беше зголемена, прво за 20 до 30 отсто, за да достигне 100 отсто поскапување во однос на цената пред избувнувањето на конфликтот.

Цената на суровините и состојбата на енергетскиот пазар директно влијае на сите области на економијата, вклучително и производството на тоалетна хартија, марамчиња, салфети и воопшто секој хартиен производ.

Економски гледано, зголемувањето на цените на финалниот производ на еден производител е последица на зголемувањето на цените на инпутите, поточно суровините, потоа транспортот и работната сила. Секогаш постои верижна реакција каде што зголемувањето на цените во еден секторот се прелева во друг сектор. Тоа е генератор на инфлација.

Индикативно е дека ситуацијата се уште може да се промени бидејќи цените на хартиените производи го достигнаа својот максимум, а има индиции дека ќе паднат во 2023 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author