jkp tetovo

12.01.2023 Скопје

Работниците од работната единица „Водовод и канализација“ ја прекинаа работата, барајќи ги заостанатите плати. Оние работници од оваа единица кои се со решение плата не зеле два и пол месеци, а работниците кои се со договор за дело немаат земено плата три месеци.

Тетовските комуналци најавуваат дека нема да интервенираат при дефекти на водоводната мрежа додека не си ги добијат парите.

Од раководството на ЈКП „Тетово“ им ветиле дека наредниот вторник ќе им пуштат плата, бидејќи имале проблеми со трезорската сметка во УЈП. За надминување на ваквата тешка финансиска состојба Советот на Општина Тетово неодамна донесе одлука, покрај ЈКП „Тетово“, да се формираат уште две јавни претпријатија, „Шари“ за снабдување со вода и „Оанеум“ за собирање смет, надевајќи се дека така ќе успеат финансиски да се консолидираат.

ЈКП „Тетово“ е едно од најзадолжените јавни претпријатија во Општина Тетово, со долгови од 10-12 милиони евра кон разни институции и добавувачи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author