tec negotino

02.01.2023 Скопје

Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање соопштија од ЕСМ.

Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа се наведува во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 17.454MWh електрична енергија, што далеку ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, а покрива и најголем дел од дополнителните снабдувања на субјекти на слободниот пазар, доделени на снабдување на ЕСМ Продажба со посебни одлуки на Владата во текот на енергетската криза.

Од таму велат дека нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, останатите капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет.

Подготвено од М.Н.

About Author