05.01.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, истакна дека, луѓето се големите конзументи и корисници на сето тоа што тие го прават во политиката, и затоа како земја претседавач со ОБСЕ влегуваат со мотото „It’s about people“.
Министерот Османи истакна дека основниот дух на приоритетите како земја претседавач ќе биде тоа што ќе го прават на терен, преку зајакнување на мисиите на ОБСЕ. Организацијата ќе има 12 мисии, 6 од нив се на територијата на Балканот, од кои 2 најголеми се во Босна и Херцеговина и во Косово.
„Во наш фокус, како земја претседавач, ќе бидат теренските мисии. Ќе преземеме и поддржиме конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредување на нивните права и слободи“, изјави минитерот Османи.
Министерот Османи додаде дека особен фокус ќе биде посветен и на т.н. замрзнати конфликти, кои, како што рече, можеби се мирни во моментов, но не се знае кога може да избувнат, и затоа треба да се прекине со политиките на блокади, со политиките на некакви високи државни интереси, бидејќи луѓето се тие што секогаш страдаат.
Подготвено од М.Н.