https://www.facebook.com/photo/?fbid=717953643035940&set=pcb.717953789702592

06.01.2023 Скопје

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Христовото раѓање Божиќ, со желби за добро здравје, душевен мир и семејна благосостојба.

„Во овој период од годината кога после Новогодишните празници се празнува еден од најзначајните празници на христијанството, Божиќ, се овозможува повторно на сите граѓани кои го слават, меѓутоа и на сите кои се во нивна близина, сограѓани, соседи, пријатели и соработници, да ја почувствуваат магијата што ја создава празничната атмосфера“.

„Тоа е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот“, наведува Џафери во честитката.

„Нека ве водат позитивни мисли, нека бидат повод за добри дела, заедно, и индивидуално, заедно сме силни, само со подадена рака сме значаен фактор и пример за регионот, секој гест колку и да е мал и безначаен, е капка во бранот што не води напред нас и Република Северна Македонија“. Среќни Божиќни празници!, додава Џафери во честитката.

Подготвено од М.Н.

About Author