https://www.facebook.com/PredsednikBorisTadic/photos/pb.100045572530405.-2207520000./10155512141040057/?type=3

24.01.2023 Скопје

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ изјави дека власта во Србија покажала целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем.

Според Тадиќ, најавата дека Србија треба да направи некои отстапки кон Косово и дека за конечното решение ќе се разговара за десетина години, кога на дневен ред ќе биде членството во ЕУ, е „постепено влегување во ладна вода“.

Тадиќ предлогот на ЕУ го оцени како „лицемерна уцена“, чија суштина е „ќе ви дадеме членство доколку пасивно учествувате во независноста на Косово“.

Тадиќ истакна дека е неопходно да се започне дипломатска офанзива, а не да се подигнува борбената готовност и заканата од војна, како што тоа го прави Владата предводена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Борис Тадиќ додаде дека треба да има национален консензус за изнаоѓање компромисно решение и дека во тоа треба да учествуваат претставници на власта, на опозицијата, но и граѓаните на Република Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author