https://www.facebook.com/worldeconomicforum/photos/10158976242231479

16.01.2023 Скопје

Во швајцарскиот зимски центар Давос и оваа година ќе биде соберена деловната и политичката елита од целиот свет.

Денеска ќе почне 53-от Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 20 јануари, и на кој ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности.

Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а во 2022 година беше одложен за мај поради пандемијата на коронавирусот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *