23.01.2023 Скопје
Премиерката Шеик Хасина истакна дека нејзината влада ќе го претвори Бангладеш во развиена нација, земајќи ги со себе и жените во земјата.
Хасина изјави дека во 2026 година, Бангладеш ќе го добие конечното признание како нација во развој, потенцирајќи „ги планираме сите наши развојни програми имајќи го предвид тоа, ќе напредуваме повеќе земајќи ги жените со себе“.
Премиерката го кажа ова додека претставникот на Азискиот универзитет за жени со седиште во Чатаграм ја повика во нејзината канцеларија во Сангсад Бабан. Канцеларката на универзитетот Шери Блер го предводеше тимот.
Портпаролот на премиерката Хасина, Назрул Ислам, истакна дека премиерката напоменала дека примарна задача на нејзината влада е да обезбеди севкупен развој на државата и да обезбеди храна, образование и здравствена заштита за сите. Во таа насока, таа има побарано од претставниците на Азискиот универзитет за жени да им достават на студентите образовна програма која ќе ги направи претприемачи и вешти да се соочат со предизвиците на иднината.
Хасина напомена дека го донирала земјиштето за овој универзитет. Воедно, истакна дека образованието на жените е од суштинско значење за развојот на секоја земја.
Додека на средбата се појави прашањето за Авганистан, премиерката рече дека нема простор да се запре образованието на жените во име на исламот, објаснувајќи дека исламот го има започнато жена, хазрети Кадиза, а „исламот никогаш не бил пречка за образованието на жените, запирањето на образованието за нив воопшто не е прифатливо“. Исто така, истакна дека исламот секогаш е покровител на еднаквите права на мажот и жената.
Хасина истакна дека и додека доаѓала во политиката се соочувала со сериозно противење во однос на женското раководство. Во врска со авганистанското прашање, премиерката истакна дека сегашната авганистанска влада насилно го прекина образованието за жените. Воедно, изјави „целиот свет е сведок на тоа, никој не презема никаков чекор против тоа“, потенцирајќи дека животот го има посветено на развојот на земјата и нејзиниот народ.
Подготвено од А.Ѓ.