https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

30.01.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенерг ја повика Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина, наведувајќи други земји кои ја промениле својата политика на недавање оружје за земјите во конфликт по руската инвазија.

Столтенберг е во официјална посета на Јужна Кореја, чија цел е зајакнување на врските со американските сојузници во услови на војна во Украина и растечкото ривалство со Кина.

На состаноците со високи јужнокорејски претставници, Столтенберг тврдеше дека настаните во Европа и Северна Америка се меѓусебно поврзани со други региони и дека Алијансата сака да помогне во управувањето со глобалните закани преку зајакнување на партнерствата во Азија.

Столтенберг и се заблагодари на Јужна Кореја за досегашната помош за Украина, иако не вклучува оружје, но ја повика да направи повеќе, велејќи дека Украина има „итна потреба” од муниција.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол истакна дека законот на неговата земја против снабдувањето со оружје на земјите во конфликт го отежнува снабдувањето Украина со оружје, а Столтенберг истакна дека земји како Германија, Шведска и Норвешка имале слични политики, но ги промениле.

Минатата година, Јужна Кореја ја отвори својата прва дипломатска мисија во НАТО, ветувајќи дека ќе ја продлабочи соработката во неширење оружје, сајбер одбрана, борба против тероризмот, одговор при катастрофи и други безбедносни области.

Подготвено од М.Н.

About Author