https://www.flickr.com/photos/andjelic/34093878272/in/photolist-TWL3cs-97G8rN-qNP18x-h1LQK5-2iNiYg-h1LDx3-g6KTqx-9rMC4K-c5LHYj-8gF3ci-ZaNwCs-GDPtCe-RdJv1K-dVcGKH-4vviEM-9MbBio-nzg7Fv-9rS6Nn-b4vrp2-KyhQy2-a4fek2-Ufc6i7-h1JPfp-eBkrkt-h1JKDB-pf2dmr-48jXwA-h1LHcs-h1LVar-c5LJaE-2dGykWy-h1LJui-ba6Qqk-4vvimV-HE7izr-4u92F9-4DebcU-scBfHu-4w8wig-d3UMZw-a4i5gA-6iDgPY-6HTskV-5nEjWh-5eNjZT-5eNkWX-eBkiYk-h1JKHJ-g6KbnT-h1K2y1

02.01.2023 Скопје

Владата на Србија има амбициозни планови за 2023 година, а српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека првата и најважна цел ќе биде да се смени трендот на наталитетот, додека втората цел ќе биде дополнителен раст на животниот стандард на граѓаните.

Српската премиерка, во новогодишно интервју, изјави дека плановите се претежно слични на оние што беа претходно, кои ги постави Александар Вучиќ како премиер во 2014 година, бидејќи, како што додава, сите влади од тогаш до денес се влади на континуитет.

Брнабиќ е особено горда на фактот што и покрај тешките времиња предизвикани од пандемијата на корона вирусот во 2020 и 2021 година и војната во Источна Европа во 2022 година, Србија успеа, како една од ретките земји на европскиот континент, да има одржлив и континуиран раст на платите и пензиите.

Според премиерката, за 2023 година прва и најважна цел е да се обидат уште повеќе да го сменат трендот на наталитетот и да вложат не само повеќе пари, туку и повеќе да се зборува за тоа, да се потроши повеќе време и енергија на пронаталната политика. Воедно, истакна дека продолжува со големи капитални инфраструктурни проекти и во таа смисла наведува дека брзата пруга до границата со Унгарија треба да биде завршена до 2024 година.

Откако партнерите од Унгарија ќе го завршат својот дел, „до 2025 година треба да можеме да одиме со брз воз меѓу Белград и Будимпешта“.

Кога станува збор за предизвиците со кои ќе се соочи Владата на Србија во 2023 година, освен нестабилноста на Косово и Метохија, Брнабиќ вели дека тие ќе се прелеат од 2022 година во оваа година, што значи дека колку подолго траат, толку повеќе ќе бидат тешки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author