https://www.flickr.com/photos/gluemoon/565511368/in/photolist-RYoQ1-S1ncg-RYoUE-6Bk1wa-km5rRy-nsMZeV-25go7zr-2gmAwS6-29wFuQ3-gAcc6W-e1U1r2-6W65yC-2iHe98T-2mj9efQ-29n8iBR-FcHGKN-bBdkLi-Fjm2y5-5tRx2D-rUHpeR-29AqCmw-b7T1P-29n9o6P-2jmdUJD-apmgvV-Ne1dGK-29n9o1P-NyjSDs-aq5HBS-LVPEj8-NyjDpS-NyjF8S-2aBpWuS-27ZEwCJ-27VWEWQ-29ivo1k-2iZXf7S-2aFQNQZ-nnSLS-6mH4Je-5FbAgF-2if4xVV-4A1Tgn-29ivcJt-LVMu4H-29AnQJU-NyivU3-27VVa7G-LVM6ck-LVM3GR

27.01.2023 Скопје

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) едногласно побара формирање на специјален меѓународен кривичен суд во Хаг за кривично гонење на руските и белоруските политички и воени лидери кои „планирале, подготвувале, иницирале или извеле“ руска агресија против Украина.

На пленарната седница беше одобрена резолуција врз основа на извештајот на швајцарскиот парламентарец Демиен Котие, во која стои дека таквиот суд треба да биде „одобрен и поддржан од што е можно повеќе држави и меѓународни организации, особено Генералното собрание на Обединетите нации“.

Советот на Европа е меѓународна организација со седиште во Стразбур, основана по Втората светска војна за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа.

Во моментов има 46 земји-членки, откако Русија се повлече од членството во март минатата година.

Подготвено од М.Н.

About Author