https://www.flickr.com/photos/brennwald/51619172351/in/photolist-2mDpKyc-4QtmEy-8FqSmJ-idZrjE-idZ6Sp-idZje9-zrjJ9-NhGEBE-RYBY77-oq3Jat-ejJ4dn-QNeMck-oqiuDm-2n32YSH-2n34AMQ-cNgQtw-2n36hxL-2n34Bga-o8Qk2c-8h77wV-pR12cv-os5MtZ-os5Mc6-BWyz3L-4hrWtz-byKc3V-ekBbcK-3UcLwM-2n34BDu-5RqoA6-os5NJp-oq3Huv-5ANh5d-jmGFKv-jmFb1e-c3GnRN-jmKxBU-7KJwPj-hDo3Et-2n32YWa-2n36h2q-2n2X42v-2n36hmo-2n34B1v-2n32Z37-2n32Zbt-2n2X4eQ-2n36h5X-2n36ho2-2n34B2Y

20.01.2023 Скопје

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи, на средба со началниците на генералштабовите на земјите-членки на НАТО во Брисел, изјави дека ситуацијата на Косово е главно мирна, но е „исклучително кревка, нестабилна и непредвидлива“.

Ристучи нагласи дека КФОР продолжува секојдневно и непристрасно да го извршува мандатот што му е доделен од Обединетите нации за да ја одржи безбедноста и слободата на движење, и истакна дека КФОР е подготвен да интервенира доколку е потребно.

Информирајќи ги сојузниците и партнерите за активностите на КФОР и безбедносната ситуација, Ристучи им се заблагодари за нивниот придонес и поддршка во мисијата на КФОР, и додаде дека КФОР продолжува да работи на создавање услови за дијалогот кој се води под посредство на ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author