13.01.2023 Скопје
Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со ПУ Панчево ги лиши од слобода С.К. (33) и Н.Б.(36) двајцата од Панчево поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување на животната средина.
С.К. како сопственик и одговорно лице на фирмата „Сага“ и Н.Б. како возач на цистерна на која истекувал амонијак предизвикале опасност по животот на луѓето поради одвртување на вентилот на резервоарот, при што 15 лица се хоспитализирани во ОБ Панчево.
По извршениот увид, на кој присуствуваа Покраинскиот и републичкиот инспектор за заштита на животната средина, републичкиот инспектор за транспорт на опасни материи, инспекторот за заштита при работа, Полициската управа во Панчево и дежурниот заменик од Панчево, и утврдувањето на сите релевантни факти поврзани со критичниот настан одредиле мерка притвор за С.К. и Н.Б. во траење од 48 часа.
Подготвено од М.Н.