23.01.2023 Скопје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска посетија уште една компанија која средства од ИПАРД Програмата ги вложиле за иновација и трансформација на нивните производствени капацитети.
Компанијата „Фор Лејди“ која се занимава со производство на хулахопки и чорапи започнале проект за развој на иновација и трансформација на бизнис моделот од линеарен во циркуларен. Машините кои ги обезбедиле преку ИПАРД, го зголемиле капацитетот и квалитетот, имаат и дополнителен импакт во производствениот процес, односно ја исфрлаат употребата на пластика и користат енергетски ефикасни машини кои заштедуваат енергија.
Премиерот Ковачевски истакна дека Владата прави се што е можно за европските пазари повеќе да не се недостижни за компаниите во Република Северна Македонија.
„Со мерките и стратегиите кои ги спроведуваат создаваме услови европските земји да се потенцијал за создавање нови партнерства со компаниите од нашата земја. Така вложуваме во економски раст, така ја правиме конкурентна и работната сила од нашата земја, и на тој начин правиме младите кои работата во нашите домашни компании, нивното знаење, креативност, стручност и експертиза да биде препознаено и ценето на меѓународните пазари“ изјави премиерот Ковачевски.
Подготвено од М.Н.