https://www.flickr.com/photos/vladamk/42452979931

28.01.2023 Скопје

Граничниот премин Табановце е најфреквентен премин во нашата држава, со тенденција на зголемување на бројот на движења како на товарни, така и на патнички моторни возила. Во изминатата 2022 година преку овој премин е забележан проток на 39% од увозот и 24% од извозот на стоки во државата.

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, истакна дека во 2022 година 190.000 товарни моторни возила влегле во државата преку овој премин, што во просек значи над 500 товарни возила дневно, потенцирајќи дека состојбата со протокот на товарните возила е вообичаена, без поголеми задржувања на преминот. Исто така, истакна дека во текот на летото, во екот на годишните одмори, кога се имаа соочено со огромен наплив на патнички возила, реализирале повеќе активности за краток рок кои имаа за цел забрзување на протокот, додавајќи дека на влез во државата „овозможивме непречено да функционираат 10 ленти, од кои 2 за товарни возила, една за автобуси и 7 за патнички возила, што претставува максимален број на ленти за влез на постоечката инфраструктура“.

Исто така, Кутиров додаде дека за товарните возила е воспоставена брза лента за празни камиони и камиони кои превезуваат стока со европски транзитен документ NCTS, коишто повеќе не е потребно да влегуваат во граничниот царински терминал на Табановце.

Кутиров истакна дека во координација со колегите од Царинските управи и Гранична полиција од земјите од Отворен Балкан, се работи и на дополнителни олеснувања кои верувам дека ќе придонесат за намалување на времето на чекање на преминот, пред сѐ во текот на туристичката сезона.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *