11.01.2023 Скопје
Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече изјави ограничувањето на цената на руската нафта воведено од западните земји во декември ја ограничило заработката на Русија.
Според Јелен, таа мерка очигледно ја исполнила целта да се задржи руската нафта на пазарот, а во исто време да се ограничи заработката на Русија.
Горната граница на цената на суровата нафта и забраната за користење на поморското осигурување од страна на западните осигурителни компании беа воведени на 5 декември од страна на земјите членки на Г7.
Официјална Москва вети дека ќе ја забрани испораката на нафта за земјите што се придржуваат до наметнатата граница на цената на руската нафта.
Јелен нагласи дека енергетските пазари се добро снабдени и покрај ограничувањето на цената на руската нафта и забраната за увоз на сурова нафта од Русија воведена од ЕУ.
Подготвено од М.Н.