26.01.2023 Скопје
Од Електрани на Република Северна Македонија соопштија дека по информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска.
Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба, а исклучена е и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН.
Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети, соопштуваат од Електрани на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.