10.01.2023 Скопје
Шведска, која има шестмесечно ротирачко претседавање со Европскиот совет, започна консултации во врска со апликацијата за членство на Косово, која беше поднесена во декември.
Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година, моментално е изоставено од ЕУ, Советот на Европа, НАТО и Обединетите нации поради недостаток на консензус и признавање меѓу другите членки, како и поради ветото на Србија и често Русија.
Петте земји кои не ја признаваат независноста на Косово се Кипар, Шпанија, Грција, Романија и Словачка. Србија тврдеше дека другите земји наскоро ќе го повлечат признавањето, но досега тоа не се случи.
Постојаниот претставник на Шведска во ЕУ изјави дека одлуката за тоа како да се продолжи со барањето на Косово за членство во ЕУ е процедурална, но и политичка.
По барањето за членство во ЕУ, Советот бара од Комисијата да состави мислење за тоа дали апликантот ги исполнува релевантните критериуми за кандидатски статус и почеток на преговори.
Подготвено од А.Ѓ.