https://www.facebook.com/photo/?fbid=557304676429770&set=a.485908136902758

21.01.2023 Скопје

Црна Гора беше поразена од ко-домаќинот Полска со резултат 27:20 (11:8, 16:12) во натпреварот од второто коло во главната фаза од групата „1“ на Светското ракометно првенство.

Домашната селекција до победата ја предводеа Једрашчик со шест гола и Шичко со пет гола. Најдобри во редовите на селекторот Рогановиќ, како и обично, беа двајцата Вујовиќ, Милош со пет и Бранко со гол помалку, исто толку постигна и Чепиќ.

Шведска е најновата репрезентација што на едно коло до крајот на втората групна фаза обезбеди учество во четвртфиналето на ракометниот мундијал. Ко-домаќините вечерва со одличен меч славеа над селекцијата на Исланд, победа со кој го обезбедија едно од првите две места во групата.

Пред оваа средба веќе беше познато дека Шпанија и Франција од оваа група се пласираа во четвртфиналето, а во престижниот меч Полјаците покажаа дека се моментно подобра репрезентација од Црна Гора.

Кај Исланд се почувствува отсуството на Арон Палмарсон, кој се повреди пред овој натпревар, а Швеѓаните предводени од одличниот голман Паличка на почетокот од второто полувреме го дадоа својот максимум, а до крајот на мечот ја сочуваа предноста за заслужена победа на овој натпревар, на кој одлично правдата ја делеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Најефикасни во репрезентацијата на „трите круни“ беа Пелас со осум и Екберг со шест гола. Во редовите на Исланд блескаше Елисон, кој постигна осум гола.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *