https://www.facebook.com/photo.php?fbid=700870704732413&set=pb.100044284693756.-2207520000.&type=3

05.01.2023 Скопје

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Шведска и Финска се под временски притисок во врска со процесот на придружување на НАТО.

На двете скандинавски земји, на кои за влез во Северноатлантската алијанса им е потребна согласност од сите 30 членки, амбициите им ги блокираат две земји и тоа Унгарија и Турција.

„Шведска и Финска се под временски притисок, а тоа особено е изразено кај Финците кои во следните месеци ги очекуваат избори. Турција нема никаков временски притисок, и кој и да не праша, ние кажуваме дека членството ќе биде остварено кога ќе се преземат чекорите и ќе се исполнат обврските“, изјави Чавушоглу.

Турците имено чекаат Скандинавците да им екстрадираат десетици луѓе осомничени за тероризам, меѓу кои членови на Работничката партија на Курдистан, како и ѓуленистите кои Анкара ги смета за одговорни за обидот за државен удар во Турција.

Чавушоглу минатиот месец при посетата на шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстро истакна дека преговорите за придружувањето на Шведска на НАТО се се уште во рана фаза бидејќи нема конкретен развој околу прашањето на екстрадицијата.

Подготвено од М.Н.

About Author