https://www.flickr.com/photos/30330294@N05/4177723584/in/photolist-7naVEY-oCAohD-6VwdCj-JQzyhX-a4v96o-XQKiSy-eQaf3x-4LE9FU-dtk5Zi-VYpYTt-4Gmjuv-9CKDNS-8fFEYC-8yLmVb-AtfdZQ-25hkNop-2QTDzs-6bJvUJ-TTxV8a-MbYG-pjHkCi-34Lf9E-29YwjN-5vUY9-2mbGXnk-2mD9PuH-TLVdTN-2jnwdwL-2kFaxCQ-2mBJrfE-24DnETH-23jEknp-2gKoiin-6f7rZA-2kxqmPd-2iJAcVg-2maDg7g-87FqY5-JVr2PH-YCeUZs-Pu3QeN-2mRKBxC-2nUF7Bt-291nZ3C-QraLib-2irwi2c-Q6SWWM-2nrmBG6-2n5vjX8-Z9ioFs

21.01.2023 Скопје

Шпанските власти соопштија дека заплениле три тона кокаин на товарен брод кој бил во грчка сопственост во близина на Канарските Острови.

Бродот „Блуме“ бил пресретнат во вторник, на 17 јануари, на 360 километри од пристаништето Санта Круз де Тенерифе, соопштија тамошните локалните медиуми.

Бродот пловел под знамето на Того, испловил од бразилското пристаниште Сантос на 20 декември, а неговата крајна дестинација требало да биде Рига во Латвија.

Во соопштението на шпанската поморска служба се наведува дека сите членови на екипажот биле уапсени и предадени на полицијата за понатамошна постапка и истражување.

По првичните извештаи се проценува дека вредноста на дрогата на црниот пазар е 180 милиони евра.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *