spanija dogovor velika britanija

18.01.2023 Скопје

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес изјави дека Мадрид и Лондон се блиску до договор за конечно решение за статусот на Гибралтар по Брегзит.

Статусот на Гибралтар и начинот на следење на нејзината граница со Шпанија се спорни откако Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија во 2016 година, бидејќи полуостровот беше исклучен од договорот за Брегзит постигнат меѓу Велика Британија и ЕУ.

Шпанија, Велика Британија и Европската унија на 31 декември 2020 година, само неколку часа пред целосното излегување на Велика Британија од Унијата, се договорија Гибралтар да остане дел од договорот со ЕУ како Шенген зона и дека Шпанија по конечното решение ќе ги надгледува пристаништето и аеродромот.

Европската комисија и Шпанија на крајот на 2022 година и испратија предлог на Велика Британија да ја задржи отворена копнената граница на Гибралтар со Шпанија и да обезбеди слободен проток на луѓе меѓу Шпанија и енклавата.

Шпанија во 1713 година и ја отстапила на Велика Британија споменатата територија околу ртот во Гибралтарскиот теснец на Средоземното Море, но потоа на референдумот во 2002 година, од 33.000 жители на Гибралтар гласаа 90 отсто а од нив 99 отсто ја отфрлија идејата Велика Британија да го дели суверенитетот над енклавата со Шпанија.

Во 2016 година на британскиот референдум за Брегзит со големо мнозинство тие изгласаа да останат во Европската унија.

Подготвено од М.Н.

About Author