30.01.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Украина нема да ги добие борбените авиони што ги бара, и додаде дека во наредниот период ќе биде фокусиран на испораката на тенкови „Леопард“ во Украина.
Германија се обврза да испрати 14 тенкови „Леопард“, по повеќенеделниот притисок од сојузниците, а во истовреме и САД одлучија да испратат свои тенкови „Абрамс“ за Киев.
„Факт е дека само што донесовме одлука за испраќање на тенкови. Поради тоа ми делува несериозно во Германија да се иницира нова дебата за испорака на оружје во Украина“, истакна Шолц.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андреј Мелник го повика Западот да им обезбеди борбени авиони и тоа американски Ф-16 и Ф-35, „Еврофајтер“, „Торнадо“, ранцуски „Рафал“ и шведски „Грипен“.
Украинскиот претседател го дополни списокот со посакувано оружје со ракети со долг дострел кои можат да гаѓаат цели и до 300 километри, но овие барања веднаш беа одбиени од страна на Вашингтон.
Подготвено од М.Н.