05.01.2023 Скопје
Често за време на празниците не сме баш внимателни на исхраната, а потоа, штом завршат празниците, се наоѓаме со некој килограм вишок. Постојат различни диети според потребите на секој од нас. Но, една работа е навистина важна и е заедничка за сите диети: мотивацијата. За среќа, тоа е нешто на што можете да работите.
Јасно дефинирајте ги сите причини зошто сакате да изгубите тежина и запишете ги. Ова ќе ви помогне да останете ангажирани и мотивирани да ги постигнете вашите цели за слабеење. Причините можат да бидат на пример: носење одреден пар фармерки, зголемување на самодовербата или спречување здравствени проблеми.
Клучно е да имате реални очекувања. Многу диети и диететски производи ветуваат брзо и лесно губење на тежината. Сепак, повеќето професионалци препорачуваат губење на само 0,5-1 кг неделно.
Најдете план за слабеење на кој можете да се придржувате и избегнувајте планови до кои би било речиси невозможно да се придржувате на долг рок. Навистина е тешко, ако не и невозможно, долго време да одржувате план кој не е компатибилен со вашиот животен стил.
Кажувањето на другите за вашите цели за слабеење ќе ви помогне да останете одговорни. Кажете му на вашето семејство и блиски пријатели. Доколку е соодветно, размислете и за споделување на социјалните медиуми. Колку повеќе луѓе ја споделувате вашата цел, толку потешко ќе биде да прифатите дека не можете.
Физичката активност е важен дел од губење на тежината. Не само што ќе ви помогне да согорите калории, туку и ќе ја подобри вашата благосостојба. Практикувањето на редовна пријатна физичка активност сигурно ви помага да изгубите тежина побрзо.
Избегнувајте да се чувствувате виновни кога ќе направите грешка. Ова само би ја попречило вашата мотивација. Со тоа што ќе си дадете флексибилност и простување, можете да останете мотивирани во текот на вашето патување за слабеење.
Подготвено од А.Ѓ.