24.01.2023 Скопје
Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, биле одговорни за кражба на 100 милиони долари во јуни минатата година од американската крипто компанија Хармонија, соопшти Федералното биро за истраги.
Како што објави Ројтерс на 13 јануари, овие хакерски групи користеле протокол за приватност наречен Раилган за да ја „исперат“ криптовалутата Едер вредна повеќе од 60 милиони долари, присвоена за време на кражбата во јуни и претворена во Биткоин, се вели во соопштението на ФБИ.
Северна Кореја користи кражба и перење криптовалути за да ги поддржи своите програми за балистички ракети и оружје за масовно уништување, се наведува во соопштението на ФБА.
Подготвено од М.Н.