https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157860148416249&set=pb.696331248.-2207520000.&type=3

20.01.2023 Скопје

Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасна ситуација, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој изјави дека се обидува да преговара за да се постави безбедносна зона околу централата, но за сега нема никаков напредок и ризикот останува со ист интензитет.

„Постои нешто што можеме да направиме во врска со тоа. Тоа би бил голем чекор напред бидејќи е потребно високо ниво на политичка посветеност за да не се напаѓа електраната, истакна Гроси, додавајќи дека е многу важно електраната да не се користи како „платформа за војската“.

Гроси неодамна најави план за постојано присуство на (МААЕ) во сите украински нуклеарни централи, а во Киев оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Му потврдив на претседателот Зеленски воспоставување на наши мисии за поддршка и помош во сите нуклеарни централи на Украина. Исто така, ги продолживме нашите дискусии за безбедносна и сигурна заштитна зона за Запорожје. Работата продолжува. Зоната е од суштинско значење за да се спречи нуклеарна несреќа“, изјави Гроси по средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Подготвено од М.Н.

About Author