25.01.2023 Скопје
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување план за воспоставување на национален електронски идентитет за секој граѓанин во државата.
Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството.
Со тоа ќе се овозможи унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа, односно земјите од Западен Балкан и Европската Унија.
Подготвено од М.Н.