27.01.2023 Скопје
Српските медиуми соопштија дека на станицата кај Зајечар утринава се лизнале два вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но нема истекување или опасност за луѓето или околината.
„При овој несекојдневен настан немаше истекување, немаше испарувања, а немаше ниту опасност по човечкиот живот или околината“, се нагласува во соопштението од општината.
Како што се додава, товарниот состав вклучувал 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата Еликсир и патувале од Прахова до Шабац.
Подготвено од М.Н.