03.01.2023 Скопје
Екипата на Олимпијакос заврши голема работа и го обезбеди потписот на Саша Везенков и за иднината.
Најдобриот играч останува во екипата до 2025 година, потврдено е од клубот од Пиреја. Везенков игра во сјајна форма и важи за еден од најдобрите играчи во кошаркарската Евролига.
Играчот кој е прв по индекс-поените во Евролигата, оваа сезона во просек во дресот на Олимпијакос бележи 19,2 поени по меч, со уште 7,2 скока и две асистенции.
Подготвено од А.Ѓ.