30.01.2023 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден на цела територија на Република Северна Македонија била спроведе засилена акциска контрола за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.
Од нив, 45 се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР извести дека засилената полициска контрола ќе продолжи и во наредните денови, и апелира до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи поради безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Подготвено од М.Н.