https://www.facebook.com/ZoranMilanovic/photos/pb.100044294146218.-2207520000./2547618705503754/?type=3

16.01.2023 Скопје

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на прес-конференција во Вуковар го критикува односот на западните земји кон војната во Украина и санкциите воведени кон Русија.

Милановиќ изјави дека САД и НАТО учествуваат во прокси војна против Русија на територијата на Украина.

Хрватскиот претседател Милановиќ истакна дека не гледа смисла да се воведат санкции кон Москва.

„Планот не треба да биде замена на Путин, во планот не треба да постојат санкции. Санкциите се апсурдни и не можеме да постигнеме ништо со нив. Санкциите не можеа да го поразат ниту Милошевиќ. Санкциите се движат од една во друга војна, и доколку воведам санкции кон Москва ќе се чувствувам како роб на Америка“ изјави претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author