18.01.2023 Скопје

На 20 јануари, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Ава“, на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите саксофонистки во класичната музика – Асја Фатејева од Крим, Германија.

На програмата се: Рапсодија за алт-саксофон и оркестар од Клод Дебиси, Симфонија бр.10 од Дмитри Шостакович, а за првпат ќе прозвучи и Концертот за саксофон и оркестар „Талахачи“ од авангардниот холандски композитор Јакоб Тер Велдхаус.

Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *