sad kanada meksiko zajaknata sorabotka

11.01.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо се состанаа во мексиканската престолнина и ветија дека ќе ги зајакнат економските врски, ќе произведуваат повеќе стоки во регионот и ќе го зголемат производството на полупроводници, иако интеграцијата е попречена од тековниот спор околу енергетската политика на Мексико.

Лопез Обрадор изјави дека Мексико ќе му помогне на Бајден да ја спречи трговијата со синтетички опиоид фентанил, за кој се верува дека е одговорен за илјадници смртни случаи во САД. Лидерите, исто така, ветија дека ќе ги намалат јаглеродните отпечатоци на нивните земји и ќе се справат со инфлацијата.

Белата куќа соопшти дека трите земји ќе ги подобрат правните патишта за мигрантите, а Лопез Обрадор повторно го повика Бајден да изврши притисок врз Конгресот да донесе мерки за регулирање на имиграцискиот статус на милиони Мексиканци во САД.

Надежите на Мексико да ги искористи придобивките од зајакнувањето на индустријата за полупроводници беа поткопани од енергетскиот спор со Вашингтон и Отава, кои се жалат дека јужните соседи ги ставаат нивните инвеститори во неповолна положба.

САД и Канада официјално поднесоа тужба против Мексико за прекршување на Северноамериканскиот трговски договор.

Вашингтон и Отава веруваат дека политиката на мексиканскиот претседател за зајакнување на улогата на државата во енергетскиот сектор им наштетува на странските инвеститори и го попречува развојот на чиста енергија.

Подготвено од М.Н.

About Author