31.01.2023 Скопје
Стејт Департментот ги повикаа Република Бугарија и Република Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните меѓусебни спорови.
„Иднината на Република Северна Македонија е во Европската унија и САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата“, се вели во соопштението од Стејт департментот.
Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот од Амбасадата во Скопје, и шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во државата.
Од македонското МНР соопштија дека бугарскиот амбасадор, сепак, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет.
Подготвено од М.Н.