05.01.2023 Скопје
САД планираат да примат до 30.000 мигранти месечно од Куба, Хаити, Венецуела и Никарагва во рамките на програмата што вклучува депортирање на луѓе од тие земји фатени на границата меѓу САД и Мексико.
Оваа одлука официјално ја потврдиле официјални лица од двете земји.
Проширената хуманитарна програма ќе се заснова на политиката донесена во месец октомври која им овозможи на илјадници луѓе од Венецуела да влезат во земјата по воздушен пат, доколку претходно аплицирале во странство и би можеле да докажат дека имаат спонзор од САД.
Подготвено од М.Н.