dodik orden putin

09.01.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го одликуваше претседателот на Русија, Владимир Путин, со Орден на Република Српска.

Орденот на рускиот претседател ќе биде врачен на првата средба меѓу Додик и Путин.

Владимир Путин е одговорен за развивање и зајакнување на соработката и политичките и пријателски односи меѓу Република Српска и Русија.

Има заслуги во областа на јавните дејности кои придонесуваат за севкупниот и заеднички политички, економски, социјален и економски раст и развој, изјави Додик во Бања Лука на доделувањето на одликувањата.

Додик упати благодарност кон претседателот на Русија, Владимир Путин, за сигурната поддршка која несебично ја дава на Република Српска.

Подготвено од М.Н.

About Author