https://www.facebook.com/photo?fbid=10210078949280821&set=a.1367281712649

31.01.2023 Скопје

Поранешниот писател на говорите на Путин и политички аналитичар Абас Гаљамов во интервју за една национална телевизија посочи дека постои можност за воен удар во Русија. Тој е убеден дека Русите ќе бараат некој да го обвинат за значителните воени загуби на фронтот во Украина и економските проблеми предизвикани од западните санкции.

„Руската економија е во колапс, а војната е изгубена. Се повеќе мртви се враќаат во Русија, така што Русите ќе наидат на повеќе тешкотии и ќе се обидат да најдат објаснување зошто се случува ова, гледајќи наоколу во политичките процеси и тие сами ќе си одговорат: „Па, тоа е затоа што со нашата земја владее стар тиранин, стар диктатор“, изјави Гаљамов, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Гаљамов смета и дека може да се случи воен удар во Русија во следните 12 месеци.

Гаљамов исто така претпоставува дека Путин би можел да ги откаже претседателските избори кои се закажани за март 2024 година.

„Без победа над Украина, претседателот на Русија ќе се соочи со тешкотии. На Русите не им треба ако не е силен. Путин може да изјави вонредна состојба и откажување на изборите“, заклучи Гаљамов.

Подготвено од М.Н.

About Author