https://www.facebook.com/photo/?fbid=231208359190026&set=a.231208325856696

18.01.2023 Скопје

Руската амбасада во Скопје реагира на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во функција на претседавач со ОБСЕ, за време на средбата со украинскиот претседател Володомир Зеленски, како што се истакнува, не спомена руски жртви во Украина, туку „шпекулира за жртви од руската агресија прифаќајќи ја пропагандата на Киев“.

„Кога Османи пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка, имаше мртви, ранетите се уште беа под урнатините. Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. „Се работи за луѓето“, велите“? стои во реакцијата од руската амбасада во Скопје.

Инаку, министерот Османи за време на посетата на Киев во понеделникот изрази „силна осуда” за континуираната руска агресија врз Украина, потенцирајќи дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување.

Османи при тоа го осуди рускиот напад врз станбена зграда во Дњепар во саботата, во кој, според последните податоци, загинаа 45 лица, меѓу кои и шест деца, околу 80 се повредени, а 20 се уште се водат како исчезнати. Шефот на дипломатијата, при тоа, ја повика Русија да ја прекине војната и повторно да се посвети на принципите на ОБСЕ и преку дипломатски пат да се решат сите предизвици.

Подготвено од М.Н.

About Author